Настани

СТАНЕТЕ АРХИВАР СО ОФИЦИЈАЛНА ДИПЛОМА!

Учесниците на курсот кој успешно ќе го завршат предавањето, ќе се стекнaт со официјална диплома АРХИВАР, препозната и призната од Р. Македонија на ниво на завршено средно формално образование. 
Програмата по која ќе се одвива предавањето е верифицирана од Центарот за стручно образование и Министерството за образование и наука. 
Станете архивар со официјална диплома!
 (Модул за канцелариско и архивско работење)

Почеток: 5 октомври 2020 (понеделник), 18:00 – 211:00 часот
Институт КОНЦЕПТ, Скопје
 


Денес канцелариското и архивското работење е високо регулирана професија. Не постои организација, јавна или приватна во која не се води евиденција за целиот проток на документи. Оттука произлегува и интересот за изучување на оваа област. Занимањето АРХИВАР е регулирано со стекнување на формална диплома одобрена од Центарот за стручно обаразование и Министерството за образование и наука. 

Во таа насока Институт КОНЦЕПТ организира курс за АРХИВАР. Учесниците на курсот кој успешно ќе го завршат предавањето, ќе се стекнат со официјална диплома препозната и призната од Р. Македонија на ниво на завршено средно формално образование. 
 
Овој курс е креиран за лица кои воопшто немаат или имаат почетни познавања од областа на архивирањето, а имаат желба или потреба комплетно да се обучат и оспособат за канцелариско и архивско работење.

Kурсот според содржината на предавањата, бројот на часовите, вежбите и начинот на реализација е моделиран да обезбеди резултати кај сите учесници кои ќе го посетат курсот. Со други зборови, организаторот гарантира дека по завршувањето на курсот сите учесници ќе бидат комплетно оспособени за работната позиција архивар.

Содржината на предавањата опфаќа: законска рамка и техники на архивирање како што се: евиденција, прием на документи, начин на пополнување на штембили и печат, евидентирање на документите во деловодник и помошни книги. 

Секоја тема е проследена со 1 час теорија, а 3 часа практични вежби.

Вежбите ќе бидат креирани соодветно на индустриите на пријавените учесници со цел да им се помогне во нивната успешна примена во рамки на секојдневните работни задачи. 
На крај на секоја тематска целина предвидено е проверка на знаењето.

Број на часови:
50 училишни часа распоредени во 5 недели (10 средби).

Распоред на часови:
два пати неделно (понеделник и среда), од 18.00 до 21.00 часот.


Содржина:

 Тема Теоретски дел Практичен дел
Прва
  • презентирање на законските и подзаконските акти за канцелариското и архивското работење
  • дефинирање на основните поими разлики помеѓу јавен и приватен архивски материјал
  • надзор врз работењето на имателите на архивски и документарен материјал
  • препознавање на архивски и документарен материјал
Втора
  • основна книга за евиденција – деловодник
  • помошни книги за евиденција (попис на документи, регистар, интерна доставна книга, книга за препорачана пошта и книга за место)
  • План на архивски знаци, Листа на архивски материјал и Листа на документарен материјал со рокови за негово чување
  • практично евидентирање на документи во деловодник
  • практично евидентирање во помошни книги
  • практично изготвување на планови и листи
Трета
  • Архивирање, средување и обработка на документите, одбирање на архивскиот од документарниот материјал, попис и опис на архивскиот материјал, заштита и чување на архивскиот материјал
  • практични примери, задачи и вежби за архивирање, средување и обработка на документи
Четврта
  • електронска архива и е-деловодник, софтвер, дигитално потпишување и принцип на архивирање
  • практично прикажување на софтвер за електронска архива со гостин предавач од софтверска компанија


Предавачи: 
Предавачите се експерти со долгогодишно професионално искуство во областа на канцелариско и ахривско работење. На последната средба ќе присуствува и гостин предавач од софтверска компанија за електронската архива и е-деловодник.

Сите заинтересирани за учество на овој курс можат да се пријават најдоцна до 28 септември 2020 година. 

Цената за еден учесник изнесува 20.000 денари, плус ДДВ. За секој нареден учесник од иста компанија следува 10% попуст.
Попуст за рано пријавување: 20%, до 1 август 2020 година.

Сите учесници на обуката ќе добијат: 
- работен материјал
- официјалана диплома за АРХИВАР, препозната и призната од Р.Македонија на ниво на завршено средно формално образование.