Настани

АКАДЕМИЈА ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

 

 

АКАДЕМИЈА ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

Почеток: 28 септември 2020 година,
два пати неделно, 18:00-21:00 часот
Институт КОНЦЕПТ, Скопје

 

Современото работење на успешните компании не може да се замисли без менацмент на човечки ресурси. Дури и помалите колективи имаат менаџер на човечки ресурси кој комуницира со вработените или со кандидатите за работа во компанијата. Во случај на поголеми бизнис системи, цел тим е ангажиран за ефикасно функционирање на вработените и нивните права и обврски.
Секторите за човечки ресурси, имаат цел да ја оптимизираат продуктивноста на вработените за максимално искористување на нивните капацитети. ХР менаџерите исто така се грижат за воспоставување на системот за работа со цел да се почитуваат основните принципи на компанијата, како што се работното време, дисциплина, почитување на човековите права, безбедноста на работа и многу повеќе.
Менаџирањето на човечките ресурси се однесува на практиките и политиките кои се потребни за извршување на менаџерски задачи поврзани со личните прашања, а особено вработувањето, обучувањето, оценувањето и наградувањето на вработените во компанијата и овозможување на безбедно, етички и праведни услови за нив.
 
Во таа насока, Институт КОНЦЕПТ по втор пат ја организира АКАДЕМИЈАТА ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ, која  преку 8 модули ја затвора целината на комплетно изграден менаџер за човечки ресурси.
Прогамата на Академијата предвидува  80% практична работа и вежби на реални примери и проекти.
После секоја тематска целина студентите ќе поминат тестирање што ќе биде гарант за нивото на владеење на материјата, додека на крај со проектна задача ќе ја одбранат официјалната диплома.
Програмата на Академијата е верифицирана од Министерството за образование и наука, а дипломата е официјално призната во земјава.

 

 

 

Придобивки од Академијата:

  • учесниците по завршувањето на Академијата ќе бидат комплетно подготвени за работа на позицијата менаџер за човечки ресурси
  • официјална диплома призната од Министерство за образование и наука
  • ефективни предавања и практична работа
  • 80 училишни часа, 10 недели, 2 средби неделно
     
По завршувањето на Академијата  студентите ќе бидат оспособени за: 
  • Изработка на стратегиски план за управување со човечки ресурси.
  • Подготовка на систематизација и организациона шема со опис на работни места.
  • Изготвување на оглас и избор на соодветни медиуми.
  • Спроведување на интервју и подготовка на прашалници.
  • Спроведување на психолошки тестови.
  • Досие - водење евиденција за секој вработен за перформанси, помината обука, плата, надоместоци, работни часови, искористени денови од одмор и сл.
  • Студија на случај – мерење на учинок
  • Изработување на договор за вработување (елементи на договори)
  • Изработување на оглас за потребите на АВРМ.
  • Прибирање на документи за пријава и одјава на вработени.
  • Изготвување на прашалник за мерење на степен на задоволство кај вработените, план за финансиска мотивација и план за нефинансиска мотивација
  • Изработка на план за обука и тренинг на вработени.
  • Пресметка на нето и бруто плата.
  • Огласување преку социјални мрежи
 

 

 

МОДУЛИ НА АКАДЕМИЈА 

  1. Стратегиски менаџмент на човечки ресурси
  2. Регрутација и селекција на кандидати
  3. Следење на работна успешност на вработени (Performance Management)
  4. Општи и правни аспекти на управувањето со човечки ресурси
  5. Мотивирање и наградување на вработените
  6. Едукација и развој на кадри и управување со таленти (Talent Management)
  7. Пресметка на плата и надоместоци од плата
  8. Управување со човечки ресурси и новите технологии

Предавачи:

Предавачите на Академијата се експерти во соодветната област кои произлегуваат од бизнис секторот, но ќе земат учество и голем број на гости кои ќе ги пренесат своите практични искуства.

Дарко Петровски
основач е на иновативниот Талент бизнис инкубатор Степ-ап претприемач, консултант, експерт и обучувач за менаџмент системи и менаџмент со човечки ресурси, организациски и деловен развој.


Mагистрирал организациски науки на Економскиот факултет во Љубљана. Основач е на иновативниот Талент бизнис инкубатор Степ-ап и поранешен долгогодишен раководител на одделот за човечки ресурси и организација во ЕВН Македонија.

Општествено е ангажиран во повеќе организации: основач и актуелен претседател на Македонската асоцијација за човечки ресурси, член на комитетот за човечките ресурси при Институтот за стандардизација, претседавач на Локалниот економско социјален совет на град Скопје и овластен помирувач за работни спорови од МТСП. Автор е на книгата „Стратегиски пристап кон менаџментот со таленти“ на Lambert Academic Publishing.

Ана Дукиќ
Специјалист за човечки ресурси во DEKRA Arbeit Macedonia.


Дипломиран Психолог на Универзитет Св. Кирил и Методиј- Скопје, магистер по Менаџмент на Човечки Ресури при Институт за Социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје.
Вработена во приватна агенција за посредување при вработување и консалтинг од областа на човечки ресурси DEKRA Arbeit Macedonia. Веќе 5 години активно работи како Специјалист за човечки ресурси со главен фокус во регрутација и селекција на кадри за сите идустрии застапени во Македонија, со искуство и во менторирање и обучување на нови вработени, истражувања на пазарот на труд, учествува и во обуки и развој на меки вештини на кадри во различни компании

Катарина Тасевски
специјалист за регрутација и селекција на кадри во DEKRA Arbeit Macedonia. Магистер по Менаџмент на Човечки Ресурси при ИСППИ Скопје.


Веќе 6 години  дел од најголемата агенција за услуги во доменот на човечки ресурси, DEKRA Arbeit Macedonia, како специјалист во повеќе области, меѓу кои регрутација и селекција на кадри.

Д-р Лазар Јовевски
професор на Правниот факултет Јустинијан Прв при УКИМ во Скопје во областа на трудовото право, социјалното право и социјалната политика, меѓународно трудово право, европско социјално право, право на безбедност и заштита при работа, синдикално право, индустриски односи и антидискриминациско право.


Во рамките на научната работа Јовевски досега има напишано повеќе од 70 научни и стручни трудови, учество со сопствени излагања на бројни национални и меѓународни конференции, работилници и советувања. Покрај тоа Јовевски е автор на  12 книги.

Владимир Ристевски
партнер и маркетинг директор во Пиксел


Владимир Ристевски е долгогодишен експерт со специјалност во дигитален маркетинг со акцент на креирање на стратегии и адвертајзинг кампањи за социјални медиуми, Newsletter кампањи, напредно таргетирање на Гугл, Фејсбук, Инстаграм, ЛинкдИн и слични платформи за рекламирање.

Во портфолиото на Пиксел има плејада на успешни дигитални кампањи поврзани со долгогодишни соработки со компании како Бимилк, Синеплекс, Охридска банка Сосиете Женерал, СОС Детско Село, Жито маркети, Тренд и над 50 други компании во Македонија и во странство.

 

Академијата е наменета за:

  1. Менаџери  за човечки ресурси и вработени во ХР секторот
  2. Претприемачи/сопственици на мали и средни претпријатијa
  3. Лидери на тимови
  4. Почетници во областа на човечки ресурси
  5. Лица кои планираат професионално да се занимаваат со управување на ХР
  6. Студенти
  7. Сите оние кои сакаат да го усовршат своето знаење
 
  • Котизацијата изнесува 50.000 денари + ДДВ 
  • Попуст од 20% за Early Bird најдоцна до 1 август 2020 година.
  • За студенти следува попуст од 20%
  • Можност за плаќање до 48 рати преку НЛБ Банка АД Скопје и Штедилница ФИЛМ Скопје

        Информирајте се детално, закажете средба!

 
 
 

За сите дополнителни информации во врска со академијата контактирајте со:  

м-р Ленче Зикова или м-р Ирена Богоевска-Гаврилова

телефон:
02 3128 526                                                 e-mail: institut@koncept.com.mk
02 3128 525                                                             www.koncept.com.mk