Back To Top

Актуелности кај јавните набавки

Во изминатиов период се воведоа неколку суштински мерки кои значително влијаат врз процесот на јавни набавки. Честите промени на прописите за јавни набавки бараат од лицата што работат во оваа област дополнителни напори и обука за да бидат во тек со настаните. Дел од најновите измени кои се однесуваат на постапката за преговарање, повторна интервенција во делот на непредвидените работи, како и дополнителните работи или услугите кои не се вклучени во основниот договор, доуредување кај изјавата за независна понуда, издавање на негативна референца во случај кога понудувачот не ги достави или документите за лична состојба се невалидни или соодветни.

Одредени новини во законот се однесуваат на допрецизирање на одредбите кои се однесуваат на советот за јавни набавки и барањата за добивање на согласност (содржина на барањето, број на негативни барања односно ограничување во бројот на поднесените барања за согласност најмногу три односно два пати кај барање за прибирање на понуди итн.).

Воведена е законска обрска за спроведување на постапките за јавни набавки целосно по електронски пат.

Целта на семинарот е запознавање на учесниците со последните измени и актуелности во поглед на Законот за јавни набавки.

Агенда – содржина:

Акцент ќе се стави на електронското спроведување на постапките и што е потребно економските оператори да знаат и како да се подготват за потпишување и поднесување на понудите по електронски пат.

На работилницата ќе се споделат и повеќе практични совети за квалитетна подготовка на понудите, на што да се внимава  при имплементација на новите законски обврски, како и ќе се презентираат досегашните искуства со негативните референци и можноста за дополнување на документацијата при евалуација на понудите.

Семинарот е наменет за:

Договорните органи кои учествуваат во постапките за јавни набавки, а особено за: службениците за јавни набавки кои ги подготвуваат постапките кај договорните органи и ги спроведуваат по електронски пат и учествуваат на е-аукции.

*Сите полиња се задолжителни

Сакам да се претплатам на Newsletter-от на Институт Концепт